Европската фудбалска унија (УЕФА) се подготвува да воведе фајнал-форот во Лигата на шампионите, објави „Тајмс“.
Планот на УЕФА, според овој извор, бил завршницата во Лигата на шампионите да биде иста како во кошаркарската Евролига, барем во финалето.
Полуфиналињата, во овој систем (дома-гости) ќе заминат во историјата, наместо тоа би се играл фајнл-фор помеѓу четирите најдобри екипи. Фајнл-форот (полуфинале и финале) би се играл во еден град. Сето тоа, според планот би траело една недела.
Најголемите европски клубови, наводно, го поддржуваат овој план.