Top Sport

УЕФА покрена постапка против Вест Хем и Фиорентина

Европската фудбалска унија (УЕФА) покрена постапка против Вест Хем и Фиорентина поради инцидентите во финалето на Конференциската лига.

Како што пренесува Би-би-си, двата клуба се обвинети за „фрлање предмети“, додека „Чеканите“ се под истрага и поради „влегување на навивачите на теренот“.

Капитенот на Фиорентина, Кристијано Бираги беше удрен во глава со предмет фрлен од трибината каде што беа навивачите на Вест Хем додека тој требаше да изведе корнер.

Фиорентина е обвинета и за палење факели и огномет.

Полицијата соопшти дека во Прага се уапсени 23 навивачи. Еден бил навивач на Вест Хем, останатите на Фиорентина.

Англиските медиуми објавија дека навивачите на Фиорентина нападнале навивачи на Вест Хем во локал во центарот на Прага, а поради тој инцидент биле приведени 17 навивачи на италијанскиот клуб.

Вест Хем го доби финалето на Конференциската лига со 2:1, со голот на Бовен во 90. минута.

Scroll to Top