Top Sport

УЕФА попушти пред барањата на богатите – Суперлигата ќе стартува во 2024 година

Суперлигата на која инсистираат богатите клубови наскоро ќе стане реалност. УЕФА, попуштиле пред нивните барања и најдоцна во 2024 година Лигата на шампионите ќе замине во историјата, а на сцена ќе стапи Супер Лига на шампионите. Шпанскиот весник „АС“, не ја исклучува можноста лигата да стартува и во 2022 или 2023 година.

УЕФА, на чело со претседателот Александар Чеферин, долго време се противеа на формирањето на една ваква лига, но на крајот попуштија пред барањата на моќните клубови.

Чеферин веќе преговарал со најголемите европски клубови, а позитивен одговор добил од Манчестер јунајтед, ПСЖ, Јувентус и изненадувачки од Фенербахче. „АС“, тврди дека се чека „ДА“ уште од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

УЕФА ја планира Суперлигата како девет годишен проект.

Сопственичката структура на лигата би била поделена помеѓу УЕФА и клубовите. Останува уште УЕФА и клубовите да договорат како ќе се делат приходите.

„АС“, открива, дека во интерес на Суперлигата, националните првенства ќе мора да го намалат календарот.

Суперлигата ќе ја играат само најбогатите клубови, што значи дека за клубовите од Македонија и од поширокиот регион ќе нема место.

Scroll to Top