УЕФА продаде телевизиските права за Лигата на шампионите на „Парамаунт Глобал“ за неверојатни 1.500.000.000 евра. Ова го потврдија американските медиуми во сопственост на оваа корпорација како „ЦБС“.
„Парамаунт Глобал“ ќе ги поседува правата за Лигата на шампионите во наредните шест години.
УЕФА имаше претходен договор со оваа компанија кој истекуваше во 2024 година, но тој договор не беше толку профитабилен за УЕФА. Тогаш правата чинеле 100.000.000 евра по сезона, а сега таа сума по сезона е поголема за два и пол пати.
Ова е уште еден удар на идејата за европска Суперлига, бидејќи очигледно е дека УЕФА смета дека најголемите клубови во Европа ќе бидат тука и во наредните шест сезпни.
Со овие пари УЕФА во наредните години ќе може да го зголеми наградниот фонд во своите натпреварувања.