Top Sport

УЕФА потврди, новото натпреварување ќе стартува во 2021 година

УЕФА на состанокот во Нион потврди дека ќе стартува со новото натпреварување, кое засега има работно име „Лига Европа 2“. Ова натпреварување треба да стартува во 2021 година.

Планот на УЕФА е од 2021 до 2024 година Лиа Европа да биде преполовена на 32 екипи со дополнителна плеј-оф рунда помеѓу фазата по групи и осмина-финалето.

Исто така е познато дека новото натпреварување ќе се игра в четврток.

УЕФА објасни дека шампионите на сите држави ќе играат, во Логата на шампионите (некои директно, а некои ќе се обидат да изборат место низ квалификациите), а преостанатите тимови од „малите држави“ ќе одат директно во Лига Европа 2, а не како досега во квалификациите за Лига Европа.

Новото натпреварување ќе го има истиот формат како и актуелната Лига Европа, значи ќе бидат формирани осум групи со по четири екипи, а победниците ќе играат во нокаут фазата. Преостанатите осум тима ќе бидат добиени преку плеј-офот, во кој ќе играат второпласираните во Лига Европа 2 и третопласираните во Лига Европа.

Победникот во Лига Европа 2 ќе избори директен пласман во Лига Европа, во наредната сезона.

УЕФА појасни дека нема да го менува форматот во Лигата на шампионите.

Scroll to Top