Top Sport

Аргентина и САД се пласираа на СП во Кина

Кошаркарските репрезентации на САД и Аргентина, на две кола до крајот на квалификацискиот циклус, изборија пласман на Светското првенство во Кина.

Селекцијата на САД, составена од играчи од развојната НБА (Џи лига), со голем пресврт во последната четвртина победи во Уругвај 71:70. Аргентинците, на домашен терен, славеа против Мексико 85:71.

Американците против Уругвај имаа негатива од осум поени (64:56) на шест минути до крајот, но тогаш играчите на Џеф Ван Ганди направија серија од 16:1 и го решија победникот.

Тревис Трајс постигна 17, а Џо Џенкинс 13 поени за Американците, додека Уругвај го предводеше Бруно Фитипалди со 17 кошеви.

Аргентина без многу труд го победи Мексико во Ла Риоха. Блескаше 38-годишниот ветеран Луис Скола со 22 поени, девет скока и три асистенции.

На табелата води Аргентина (9/1), пред САД (8/2), а потоа следуваат Порторико и Уругвај (6/4). Панама (4/6) и Мексико (3/7) немаат шанси за пласман на СП.

Scroll to Top