УЕФА нема да ги санкционира одметнатите клубови, кои во неделата ја формираа европската Суперлига. Зад проектот кој пропадна во вторникот, застанаа три шпански (Реал, Атлетико, Барселона), три италијански (Јувентус, Интер, Милан) и шест англиски клуба (Челси, Арсенал, Тотенхем, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Ливерпул).
На денешниот состанок во Нион, УЕФА, донесе одлука да не презема никакви казнени мерки против 12 клубови и покрај тоа што неколку членови на Извршниот одбор, побарале Реал Мадрид и Јувентус да добијат едногодишна суспензија.
За да го сочува „мирот во куќата“, УЕФА нема ниту финансиски да ги казни овие клубови.