Реал Мадрид не се задоволни од ждрепка, која за противник во осмина-финалето, во Лигата на шампионите им го додели за притивник ПСЖ.
УЕФА поради аматерските грешки мораше да ја повтори ждрепката. Во првото извлекување, Реал за противник го доби португалскиот тим, Бенфика. Ждрепката мораше да биде повторена кога беше извлечена двојата Виљареал-Манчестер јунајтед (веќе играа во групата), а потоа се случи поголем кикс, кога Јунајтед не беа ставени како можни противници на Атлетико Мадрид.
Реал бараа ждрепката да биде повторена но тие да бидат изземени. Според нив тие регуларно ја добиле Бенфика за противник, нерегуларностите се случиле потоа.
Директорот на меѓународните односи на Реал, Емилио Бутрагењо, одлуката на УЕФА ја нарекол „скандалозна и недозволива“, потенцирајќи де УЕФА се „измамници“.
Ова само ќе ја зголеми нетрпеливоста која владее на релација УЕФА-Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ е носител на проектот Европска Супер лига, кој пропадна два дена по промоцијата.