Европската фудбалска федерација (УЕФА) разјасни дека нема донесено одлука околу името на Европското првенство кое е одложено за летото 2021 година, откако првично преку социјалните мрежи објави дека првенството ќе се вика Евро 2020.
Но, неколку часа по оваа објава, УЕФА на Твитер објасни дека може да се смени името на турнирот и покрај нивната објава.
„Се извинуваме за претходната грешка, да разјасниме, нема донесено одлука за името на презакажаното Европско првенство во 2021. Претходниот Твит беше пуштен по грешка“, се вели во објавата на УЕФА.
Европскиот фудбал е стопиран поради корона вирусот, но УЕФА инсистира дека сите шампиони ќе можат да се завршат до 30 јуни.
With apologies for the earlier error, to be clear no decision has yet been made on the name of the rearranged EURO to be held in 2021.
The earlier tweet was sent by mistake.
— UEFA (@UEFA) March 20, 2020