Дисциплинската комисија на УЕФА реши да не одреди казни за Црвена звезда или за Пари Сен-Жермен за проблемите со публиката на натпреварот, но случајот останува во фокусот, откако етичката комисија на УЕФА ќе ја продолжи истрагата. Од друга страна околу обвинувањата за „местење“ уште нема официјална реакција.
Ова доаѓа по високата 6:1 победа на ПСЖ над српскиот шампион на „Паркот на принцовите“ во Париз, каде што имаше неколку илјади фанови на Црвена звезда, кои извикуваа „забранети пароли“ и направиле „непријатност“ на трибините.
„Телото за контрола, етика и дисциплина на УЕФА реши да именува етички и дисциплински инспектор кој треба да ги разгледа инцидентите со навивачите на мечот ПСЖ-Црвена звезда“, велат од УЕФА.
ПСЖ е казнет со 20.000 евра поради доцнење на стартот на натпреварот, а тренерот Томас Тухел доби предупредување. Комисијата исто така ќе утврдува дали ПСЖ треба да добие дополнителна казна за проблемите со навивачите.
Од друга страна, за случајот кој го започна францускиот весник „Л’Екип“ со обвинување за местење на натпреварот остануваат без завршница. „Л’Екип“ тврдеше дека еден неименуван висок член на Звезда се обложил со фантастични 5 милиони евра на победа со точна разлика (5). Од ПСЖ и Звезда официјално ги отфрлија обвинувањата, а српскиот клуб веќе поведе судска тужба во Париз против весникот.
Фото: ЕПА