Top Sport

УЕФА жестоко ги казни Фенербахче

Европската фудбалска унија (УЕФА) го казни фудбалскиот клуб Фенербахче со забрана на регистрација на нови фудбалери поради не измирените финансиски обврски. Фенербахче нема да можат да регистрираат нови играчи во наредните две сезони, но казната не се однесува за претстојната сезона 2019/2020.

„Фенербахче не ги исполниле условите од договорот и не ги исполниле финансиските обврски согласно буџетот предвиден за 2018 година. Рокот истече на 20 мај“, соопштија од УЕФА.

Арбитражната комисија на УЕФА задолжена за финансиска контрола исто така реши да не им исплати на Фенербахче два милиони евра. Овие пари клубот требаше да ги добие за учество во европските купови.

Фенербахче нема да можат да регистрираат нови фудбалери во сезоните 2020/2021 и 2021/2022. Исто така за учество во европските купови клубот ќе може да пријавува само по 23 фудбалери.

Scroll to Top