Top Sport

УЕФА жестоко го казни Партизан

Стадионот на Партизан ќе биде клуч за натпреварот со Словачко, во последното коло од Конференциската лига. УЕФА го казни клубот поради дивеењето на навивачите на натпреварот со Келн.
Во последното коло од групната фаза, на 3. ноември, Партизан без публика ќе го пречека Словачко.

Дополнително, УЕФА поради палење и фрлање ракети на теренот, дискриминаторско однесување на навивачите, недоличното однесување на фудбалерите и блокираните влезови на стадионот, парично го казни Партизан со вкупно 53.000 евра.

Партизан пред дуелот со Словачко ќе гостува во Ница на 28. октомври.

 

Scroll to Top