Top Sport

УЕФА жестоко го казни Партизан

Канцеларијата на УЕФА парично го казни српскиот претставник Партизан, а ќе му го затвори и половина од капацитетот на стадион за претстојниот меч на европска сцена.

Казната е одредена поради големите испади на навивачите на реванш натпреварот против Сабах во Конференциската лига, кој „црно-белите“ го добија на пенали и изборија пласман во плеј-офот.

Партизан е казнет со 70.000 евра, а исто така ќе биде затворен дел од стадионот за 17.000 седишта.

Партизан во плеј-офот во Конференциската лига ќе игра против данскиот клуб Нордсјеланд. На првиот меч ќе гостува на 24. август, а реваншот е предвиден за 31. август во Белград.

 

Scroll to Top