Top Sport

УЕФА жестоко ќе го казни Милан

УЕФА ќе ја расипе идилата која последните недели владее во фудбалскиот клуб Милан, а која е поттикната од неколкуте добри резултати. „Ла Република“, пишува дека, поради кршење на правилата од финансискиот фер-плеј, УЕФА ќе го казни клубот.

Летово Милан успеа да се спаси од казна, благодарение на Судот за спортска арбитража ЦАС). Имено, УЕФА, поради кршење на правилата од финансискиот фер-плеј, му забрани на Милан да учествува во Лига Европа, клубот ја обжали одлуката пред Судот во Лозана. Истата беше прифатена, но ЦАС предметот повторно го врати во УЕФА со препорака да одреди пропорционална казна за клубот.

„Ла Република“, тврди дека УЕФА ќе го казни Милан парично со 20 милиони евра и ќе му забрани да регистрира фудбалери во јануарскиот преоден рок.

Доколку се случи ова Милан нема да може да го регистрира долго најавуваното засилување од Бразил, Лукас Пакета.

Scroll to Top