Top Sport

Барса три недели без Кутињо

Фудбалерот на Барселона, Фелипе Кутињо, поради повреда, ќе биде отсутен од тимот две до три недели.

Бразилецот, извесен период, има проблеми со „задњата ложа“, иако во вторникот го одигра целиот натпревар против Интер во Лигата на шампионите.

Кутињо (26), во јануари, оваа година од Ливерпул се пресели во Барселона. За екипата од „Ноу Камп“, во новата сезона има постигнато пет гола на 15 одиграни натпревари.

Барселона во моментов е лидер во Примера со 24 бода.

Scroll to Top