Top Sport

Блокотехна е првиот финалист

Кошаркарите на Блокотехна отворија нова страница во клупската историја откако обезбедија пласман во финалето од државниот Куп.

Избраниците на Марјан Илиевски одиграа возбудлив натпревар против кошаркарите на Гостивар и беа во резултатска негатива речиси целиот натпревар.

Во вториот дел од натпреварот ја зацврстија играта, го искористија падот на концентрацијата на противникот и славеа со конечни 92-87.

Пен ја предводеше Блокотехна со 30 поени и 9 скока, а двоцифрен ефект на постигнати поени имаа уште Думиќ (17), Лефковски (12) и Младеновиќ (11).

Кај Гостивар блескаше Костоски со 15 поени, 6 скока и 7 асистенции, Ефианаи забележа 20 поени и 7 скока.

Противник на Блокотехна, утре од 17.30 часот, ќе биде победникот од вечното дерби МЗТ-Работнички.

фото/mkf.mk

Scroll to Top