Top Sport

Уеска тргна по потписот на Адеми

Старо-новиот член на Ла Лига, Уеска, испратиле понуда до Динамо Загреб за капитенот Аријан Адеми. Челниците на Уеска за услугите на македонскиот репрезентаивец понудиле 3.000.000 евра.

Адеми и во минатото имаше понуди од странски тимови, лани се шпекулираше дека Бетис е заинтересиран за него, но тој никогаш не се реши да го напушти Динамо.

Сега ситуацијата е малку поинаква, според хрватските медиуми откако „модрите“ не успеаја да влезата во плејофот за пласман во Лигата на шампионите, сите фудбалери се на продажба доколку стигнат понуди што ќе ги задоволат клупските апетити.

Прашање е само дали сумата што ја нуди Уеска е доволна и дали Адеми ќе сака да игра во тим кој веројатно ќе се бори за опстанок во Ла Лига.

Scroll to Top