Top Sport

Украдени дресови на Нејмар од домот на тренерот на ПСЖ

Француските медиуми објавија дека во Париз бил ограбен домот на тренерот на фудбалерите на ПСЖ, Унаи Емери. Крадците од домот на Емери украле и неколку дресови на првата ѕвезда на ПСЖ, Нејмар.

Домот на шпанскиот тренер бил ограбен во средата во доцните вечерни часови, а според полицијата била направена штета од околу 20.000 евра.

Покрај дресовите на Нејмар, Емери останал часовникот „Ролекс“ и две „Шанел“ торби.

Безбедносните камери ги снимиле крадците, кои грабежот го извршиле додека Емери и ПСЖ гостуваа во Стразбур, во рамките на Лига купот на Франција. ПСЖ победи со 4:2.

Првично медиумите објавија дека биле украдени документи поврзани со трансферите на фудбалери, но подоцна тоа беше демантирано.

Scroll to Top