Top Sport

Евролига: Спектакуларни потези на Весели и Дончиќ (Видео)

Лука Дончиќ и Јан Весели со своите индивидуални потези ги обележаа синоќешните натпреари кои се одиграа во 12.коло во Евролигата.

Весели беше најдобриот играч (20 поени, 5 скока) на европскиот првак Фенербахче, кој неочекувано беше поразен од Жалгирис во Истанбул 89:90.

Чехот во третата четвртина имаше едно спектакуларно забивање.

Лука Дончиќ го предводеше Реал до победата над Барселона 87:75. Словенецот мечот го заврши со 16 поени, 6 скока и 7 асистенции.

Дончиќ во последната секунда од третата четвртина погоди од кош на кош.

Scroll to Top