Top Sport

Украина мора да ги тргне политичките пароли од дресовите

УЕФА и наложи на репрезентацијата на Украина да го тргне политичкиот слоган од дресовите со кои ќе настапи на Европското првенство.

УЕФА со соопштението, објави дека паролите „Слава на Украина“ и „Слава на хероите“, но и картата на Украина со Крим во составот, на дресовите на репрезентацијата, испраќаат јасен политички став со историско и милитантно значење.

ФИФА, соопшти дека по политички прашања ќе остане неутрална, со напомена дека прашањето на украинскиот дрес претставува надлежност на УЕФА.

Паролата „Слава на Украина“ и „Слава на хероите“, е поздрав на „Организацијата на украинските националисти“ и „Украината востаничка војска“, во Втората светска војна, чии лидер бил соработникот на нацистите, Степан Бандера.

Scroll to Top