Top Sport

Украина „пукна петарда“ во Ереван

Украина убедливо ја победи Ерменија (5:0), во претпоследното коло во Групата 1, во Б-дивизијата во Лигата на нации.

Украина, предводена од Зубков, забележа лесна победа во Ереван. Зубков учествуваше во првите три гола на Украина. Го постигна вториот, а асистираше за првиот и третиот гол, а стрелци беа Тимчук и Довбик.

Довбик потоа во последните 10 минути му асистираше на Игнатенко за 0:4 и потоа со својот втор гол го постави конечниот резултат.

Украина сега има 10 бода, еден повеќе од Шкотска, која вечерва ќе игра против Република Ирска. Во вторник, во Краков, Украина ќе ја пречека Шкотска во директен дуел за првото место во групата и пласман во А-дивизијата.

Scroll to Top