Јарислав Ракицкиј е избришан од украинската репрезентација бидејќи во зимскиот преоден рок потпишал договор со клуб од Русија. Транферот предизвика големо незадоволство во Украина, бидејќи државата нема добри односи со Русија од 2014 година, кога Русите извршија анексија врз Крим.
Ракицкиј, пред еден месец од Шахтјор се пресели во Зени од Санкт Петербург, чии сопственик е руската државна компанија „Гаспром“.
Селекторот на Украина, Андриј Шевченко, поради тоа решил да не го повика фудбалерот во националниот тим за квалификациските натпревари против Португалија и Луксембург.
Ракицкиј за Украина има одиграно 54 натпревари.