Евертон го претстави првото засилување во зимскиот преоден рок. Дресот на „карамелите“, во наредните четири и пол години ќе го носи украинскиот репрезентативец, Виталиј Миколенко.
Миколенко е лев бек, има 22-години, на „Гудисон парк“ пристигна од Динамо Киев. Евертон не објави колкава сума издвол клубот за трансферот на Украинецот. Според медиумите трансферот изнесува 18.000.000 фунти.
Во кариерата, Миколенко, одиграл 132 натпревари за Динамо, постигнал седум гола и забележал 20 асистенции.
Трансферот на Миколенко значи дека клубот ќе го напушти искусниот Французин, Лука Дињ.