Поранешниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, откри дека Јирген Клоп бил на мета на тој клуб пред 15 години. Практично, само потпис на договорот го делел актуелниот менаџер на Ливерпул од доаѓањето во Минхен.
Сепак до соработка помеѓу Баерн и Клоп никогаш не дошло, според според Хенес за тоа е виновен тогашниот извршен директор Карл Хајнц Румениге.
Поранешниот претседател на германскиот шампион во разговор за германски ХТВ откри зошто Баварците се откажале од Клоп во 2007 година.
„Се договоривме Јирген да дојде во Баерн. Пред да замине од Мајнц, разговарав со него. Беше пред Божиќ, го прашав дали може да се замисли во нашиот клуб. Реков дека повторно ќе му се јавам по празниците. Но, тогаш дојде Румениге со одлична идеја да потпише со Јирген Клинсман“, објасни ирончно Хенес.
„Секогаш можев да го замислам во Баерн, тој е извонреден тренер“, заклучил поранешниот прв човек на Баварците.
Да потсетиме, Клоп по Мајнц замина во Борусија Дортмунд со која освои две титули, потоа се пресели во Ливерпул.