Top Sport

Улие: Мојот поранешен клуб ја заслужува премиерлигашката круна

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Жерар Улие вели дека ако поради корона вирусот не се комплетира сезоната од Премиер лигата, единствена фер-одлука би била „црвените“ да ја добијат титулата на маса.

Тимот на Јирген Клоп има огромни 25 поени предност пред Манчестер сити на табелата на лигата која е во прекин од 9 март, а по стравувањата дека можеби нема да биде возможно да се доигра сезоната, францускиот тренер смета дека трофејот кој би го добиле „црвените“ бил целосно заслужен.

„Да, нормално е така, како што направија во Франција и им го дадоа трофејот на Пари Сен-Жермен. Тие имаа 12 поени предност, а на Ливерпул им се потребни само уште шест поени за титулата. Да имаше разлика од два-три поени, тогаш не би бил фер, но сега не гледам како тие не би станале шампиони. Го заслужуваат тоа“, вели Улие за „Токспорт“.

Улие, кој сега работи како советник на претседателот на Лион, Жан-Мишел Ола, вели дека на крајот ќе мора да се послушаат советите на британката влада.

„Доколку тие решат дека не треба да има фудбал, тоа треба да се почитува. Но, прво да почекаме, бидејќи никој не знае каква ќе биде ситуацијата за две-три недели“, додава Улие.

Scroll to Top