Фудбалерите на Уласан од Јужна Кореја, ја освоија титулата во Лигата на шампиони на Азија. Уласн во финалето, во Доха, го совладаа со 2:1 Персеполис од Иран.
Персеполис први постигнаа гол, во 45.минута преку Мехди Абди Кара, а Улсан направија пресврт со головите на Жуниор Неграо.
Бразилецот најпрвин израмни на 1:1 во четвртата минута од судиското надополнување на времето во првото полувреме, а потоа постигна гол од пенал во 55.минута.
Улсан втор пат во историјата се најдобри во Азија, претходно ја освоија Лигата на шампионите во 2012 година.
Јужна Кореја е најтрофејната нација во Лигата на шампиони со 12 титули, пет помалку има Јапонија.