Top Sport

Ултиматум за Сити – Трансферот на Гвардиол е можен, но под еден услов

Јошко Гвардиол и понатаму е најголемата желба на Манчестер сити во овој преоден рок. Пеп Гвардиола го означи хрватскиот репрезентативец како играч кој по секоја цена мора да биде дел од неговиот тим. Проблемот за Сити е што „по секоја цена“ значи дека ќе мора да го урне трансфер рекордот кога се во прашање фудбалерите од одбраната.

Лајпциг и Манчестер сити водат интензивни преговори. Германците не се противат на трамсферот, но само доколку Сити се подготвени да платат 100 милиони евра.

„Дејли Мејл“, пишува дека Лајпциг не сака трансферот да се претвори во сапуница и поради тоа му дале рок на Сити до кога истиот треба да се реалзиира.

Според овој извор „граѓаните“ имаат рок до 12. август да го завршат трансферот. На вој датум се игра натпреварот од Суперкупот на Германија.

Лајпциг за трофејот ќе игра против Баерн, а тренерот Марко Росе сака да има јасно дефиниран тим со кој ќе влезе во новата сезона.

Германскиот клуб бара замена за хрватскиот репрезентативец и како можни кандидати ги посочи Кастело Лукеба од Лион и Лутшарел Гертруида од Феенорд.

За потсетување, Гвардиол е под договор со Лајпциг до крајот на сезоната 2026/27.

Scroll to Top