Top Sport

Рекордите се ништо за Лука Дончиќ – 31 поени, 12 скока, 20 асистенции!

На Лука Дончиќ не веруваше на статистиката од уште еден негов фантастичен меч по 125:124 победата на Далас маверикс и Вашингтон визардс.

Словенецот со своите 31 поен, 12 скока и 20 асистенции влезе во ексклузивната група на НБА кошаркари кои успеале да остварат 30 поени и 20 скока во трипл-дабл учинок, покрај Оскар Робертсон, Меџик Џонсон и Расел Вестбрук, но беше импресиониран од друго нешто.

„Мислам дека е почудно што имам само една загубена топка. Тоа не се случува често, така што тоа ме импресионираше“, вели Дончиќ.

На Далас им беше потребна доминацијата на Дончиќ да ја извлечат победата, со која со 36-27 скор се израмнија со Лос Анџелес на петтото место на Западот.

Дончиќ постигна кош или асистираше во 82 од 109-те поени во 39-те минути кои играше. 11 од 20-те асистенции на Дончиќ беа за тројки!

Вестбрук од друга страна беше сензационален за Визардс, кои имаа 12 победи во последните четири меча – заврши со 42 поени, 10 скока и 9 асистенции и помогна тимо да се врати од негатива од 18 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Далас – Вашингтон 125:124

Јута – Торонто 106:102

Оклахома – Индијана 95:152

Минесота – Њу Орлеанс 136:140 ОТ

Орландо – Мемфис 112:111

Кливленд – Чикаго 107:124

Атланта – Чикаго 108:97

Хјустон – Голден Стејт 87:113

Шарлот – Детроит 107:94

Л.А.Клиперс – Денвер 104:110

Scroll to Top