Top Sport

Ултрасите на ПСЖ не се откажуваат: ПСЖ никогаш нема да биде катарски

Ултрасите на ПСЖ нема намера да се откажат од барањата кои во саботата ги соопштија, а ги повторија во текот на вчерашниот натпревар со Бородо (3:0).

Тие бараат од клубот да си заминат претседателот Насер Ал-Келаифи, спортскиот директор Леонардо, тренерот Маурисио Покетино и најскапиот играч Нејмар.

Во текот на натпреварот со Бордо и покрај победата од свирежи и навреди беа поштедени само Килијан Мбапе и Ашраф Хакими.

Утрово на ѕидовите во тренинг центарот повторно беа упатени пораки до раководните луѓе.

„Леонардо/Насер, што подалеку од нас“ и „Париз никогаш нема да биде катарски“.

 

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');