Top Sport

Ултрасите на ПСЖ се свртеа против Меси и Нејмар: Кучкини синови!

Ултрасите на Пари Сен-Жермен ја изразија својата фрустрација за состојбата во богатиот француски клуб, со протест пред седиштето на клубот и со Лионел Меси и Нејмар како главни виновници.

Тие пееја песна во која се вели „Меси, кучкин сине“, по вестите дека тој е суспендиран од клубот по неовластеното патување во Саудиска Арабија и вестите дека тој нема да остане во Париз по крајот на сезоната. Покрај тоа, тука беше и песната „Нејмар, изгуби се“, откако најскапиот фудбалер на светот нема играно по повредата на скочниот зглоб во февруари.

Scroll to Top