Top Sport

Ултрасите на Рома: Флоренци е предавник

Фудбалерите на Рома, сезонава се далеку од резултатите што ги постигнуваа минатата сезона, кога клубот стигна и до полу-финалето во Лигата на шампионите. Лошите резултати предизвикаа дела од играчите да станат цел на навреди на ултрасите на Рома.

Прв на удар, минатата недела, беше Србинот Александар Коларов, на кого ултрасите му порачаа дека е „п….н Хрват“, а сега тие му се „нафрлиле“ на Алесандро Флоренци.

Со концерт на свирежи тие го испратија Флоренци, во моментот кога во 65 минута на дербито против Милан го напушташе теренот.

Флоренци во Рома е од својата 11 година, тоја е вториот капитен и единствен, покрај Даниеле Де Роси и Лоренцо Пелегрини, од актуелниот состав кој е роден во Рим. Определбата на клубот е капитенската лента секогаш да ја носи роден римјанин. Поради тоа кога Де Роси не е во игра таа е кај Флоренци.

Сепак, тој успеал да го навлече гневот на навивачите бидејќи ги прекинал преговорите околу новиот договор. Според актуелниот тој треба да биде играч на Рома до 2023 година.

Италијанските медиуми, пишуваат дека ултрасите на Рома го опишувале Флоренци како „предавник, нарцисоиден и егоист“.

Scroll to Top