Самуел Умтити потврдил дека сака да остане во Барселона. Францускиот фудбалер и во летниот преоден рок беше на трансфер-листата и тогаш одби да го напушти „Ноу Камп“.
Умтити годишно заработува 12.000.000 евра и тоа е главната причина што тој не сака да го напушти клубот. Неколку пати одби неговата плата да биде намалена.
Од 2018 година и Светското првенство во Русија, кариерата на Умтити оди по надолна линија.
Умтити се поврзува со Бенфика, но „Спорт“ тврди дека тој веќе им ја соопштил одлуката на клупските челници, дека планира да се бори за место во тимот.