Top Sport

Уникатниот „трик“ на Дани Олмо ги налути Баварците

Баерн Минхен вчера со 5:3 ги совладаа РБ Лајпциг за трета последователна титула од Германскиот Суперкуп, но моментот кој предизвика најмногу внимание на социјалните мрежи, беше итроштината на Дани Олмо.

Олмо во финишот на мечот ја враќаше топката на баварските ривали по паузат поради повреда на Алфонсо Дејвис, но внимателно ја остави топката на аут-линијата, за кога Лукас Ернандез ја крена за да го изведе аутот, линискиот судија покажа игра со рака и топка за Лајпциг. Секако, фудбалерите на Баерн не беа воодушевени и се расправаа со судијата и со Конрад Лајмер и Кристофер Нкунку од Лајпциг.

Scroll to Top