Top Sport

Уникатно! Меси има право да го раскине договорот кога сака

Лионел Меси можеби има договор со Барселона до 2021 година, но аргентинскиот ас може да си замине и на крајот на сезоната, бидејќи има опција да го раскине договорот кога ќе посака, тврди шпанскиот весник „Ел паис“, но и порталот „Гол“.

Петкратниот освојувач на „Златната топка“, Меси го продолжи договорот со Барселона во ноември 2017 година, а сегашниот претседател на клубот, Жосеп Марија Бартомеу повеќе месеци сака да го убеди да стави потпис на продолжување на договорот бидејќи според „Ел паис“ има нервоза дека Аргентинецот нема обврска да остане и следните две сезони поради клаузулата дека може да замине кога ќе наполни 32 години.

Меси во јуни го прослави својот 32. роденден, така што во теорија кога сака може да ја прекине соработката со каталонскиот гигант која трае речиси две децении. Според „Ел паис“ и другите легенди на Барселона – Карлес Пујол, Андрес Иниеста и Чави имале ваква опција во своите договори. Меси наводно не сакал да ги отповарува финансиите на клубот со нов договор, а во исто време не сакал да се обврзува на долги патеки.

Капитенот на Барселона досега не игра оваа сезона поради повреда која ја доби во текот на летото, откако минатата сезона имаше 51 гол во 50 натпревари за Барселона. Тој постојано е поврзуван со враќање во својот клуб од детството, аргентинскиот Њуел олд бојс пред крајот на неговата кариера.

Scroll to Top