Top Sport

Унион Берлин го доведе Кевин Фоланд за дебито во ЛШ

Германскиот бундеслигаш Унион Берлин го засили нападот со Кевин Фоланд. За услугите на 31-годишниот напаѓач на Монако, германскиот клуб плати четири милиони евра, а доколку се активираат сите бонус клаузули сумата може да достигне 5,5 милиони евра.

Пред Унион Берлин е историската прва сезона на учество во групната фаза од Лигата на шампионите. Тимот од германската престолнина во текот на летото веќе ги доведе Робин Госенс, Лука Тусар, Микел Кауфман и Диого Леит, додека на позајмица дојдоа Александар Шволу, Бренден Аронсон, Давид Датро Фофана и Алекс Крал.

Фоланд изрази желба да се врати во Бундеслигата. Напаѓачот за време на кариерата го носеше дресот на Баер Леверкузен, Хофенхајм и на Минхен 1860.

Scroll to Top