Неверојатниот старт на сезоната за Унион Берлин продолжува, откако клубот од германската престолнина со 2:0 го совлада тимот на Борусија Дортмунд за да се зацврсти на првото место на табелата во Бундеслигата.
„Работата“ против „милионерите“ ја завршија во првите дваесетина минути од мечот, кога доминираа во мечот, а Јаник Хаберер постигна два гола во 8. и во 21. минута. По ова продолжи солидната игра на домаќините, кои ја прославија својата седма победа во 10 кола и сега имаат пет поени предност пред Фрајбург, кои подоцна му гостуваат на актуелниот шампион, Баерн Минхен.
Борусија, пак, за кои ова е трет пораз во последните шест меча се само на осмото место на табелата со 16 поени.
Standings provided by Sofascore