Top Sport

Унион ја зголеми мизеријата на РБ Лајпциг, сега се четврти во Бундеслигата

Унион Берлин стигна до импресивна 2:1 победа над минатогодишниот германски вице-шампион РБ Лајпциг, за да се искачат на второто место во Бундеслигата пред комплетното 14. коло во Германија.

Таиво Ајовини уште во петтата минута ги донесе Унион во водство, но само седум минути подоцна, Кристофер Нкунку успеа да израмни за „биковите“. Сепак, домаќините стигнаа до трите поени благодарение на Тимо Баумгартл, кој во 58. минута успеа да го совлада Петер Гулачи за голема победа, нивна шеста оваа сезона.

Унион сега се на четвртото место со 23 поени, еден зад Баер Леверкузен, и еден пред Фрајбург на петтото место. Лошата сезона за РБ Лајпциг продолжува и богатиот клуб сега е само осми со 18 освоени поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top