Централниот дефанзивец на Баерн Минхен, Дајот Упамекано, често е критикуван од навивачите и експертите поради неубедливите игри, но тој нема намера да го напушти клубот. Францускиот репрезентативец е убеден дека ќе се докаже пред тренерот Томас Тухел и ќе игра редовно во новата сезона.
„Ниту една секунда не размислував да го напуштам Баерн. Силно ќе се борам за стартно место во тимот“, изјави Упамекано.
Дефанзивецот е на „Алијанц Арена“ од 2021 година. Минатата сезона одигра вкупно 43 натпревари во сите натпреварувања на кои постигна еден гол.
Договорот на Упамекано со Баварците е до 2026 година.