Top Sport

Упамекано од јануари во Ливерпул?

Ливерпул најмалку шест месеци ќе биде без Вирџил Ван Дајк. Холанѓанецот, во градското дерби со Евертон, во дуел со голманот Џордан Пикфорд ги скина предните вкрстени лигаменти во десното колено.

Ван Дајк е еден од клучните играчи на Ливерпул и неговото отсуство ќе биде голем хендикеп. Поради тоа клубот ќе се обиде да се засили на оваа позиција во јануарскиот преоден рок.

Според англиските медиуми Ливерпул ќе се обиде да го донесе на „Енфилд“ Дајот Упамекано од Лајпциг. Играчиот кој неодамна дебитираше за Франција летово реши да остане во Лајпциг иако имаше понуди од големите европски клубови.

За да го ангажираат Упамекано Ливерпул ќе мора да издвојат најмалку 50.000.000 евра.

Scroll to Top