Top Sport

Црвена звезда се засили со О’Брајен

Американецот Џони О’Брајен е нов играч на кошаркарскиот клуб Црвена звезда. Поранешниот играч на Милвоки Бакс со клубот потпишал договор до крајот на сезоната.

О’Брајен ги покрива позициите четири и пет. На неговото ангажирање инсистирал тренерот на Црвена звезда, Саша Обрадовиќ.

Минатата сезона О’Брајен играше во Локомотив Кубањ, просечно по натпревар бележел 14 поени и пет скока. Во сезоната 2018/2019 го носеше дресот на Макаби од Тел Авив.

Клубот соопшти дека новиот играч би можел да дебитира во неделата, кога во АБА лигата Црвена звезда ќе игра против Мега Бемакс.

Scroll to Top