Португалската полиција, соопшти дека поради разни инциденти, во Лисабон биле уапсени 54 навивачи на Динамо Киев.
Инцидентите се случиле синоќа. Динамо Киев гостуваше во Лисабон, во последното коло, во Е-групата. Бенфика со победата 2:0 избори пласман во осмина-финалето.
Според полициски извори, во инцидентите биле повредени 13 навивачи и еден полицаец.
„Однесувањето на навивачите укажува дека тепачката била претходно договорена“, соопшти полицијата.
Хулиганите кон полицајците фрлале чадни бомби, камења и флаши, поради што тие испукале неколку предупредувачки куршуми.