Top Sport

Зидан го носи Бен Арфа во Реал?

Хатем Бен Арфа има големо фудбалско знаење и незгоден карактер. Откако му заврши договорот со Рен, тој е слободен играч, но и покрај тоа не може да најде тим. Бидејќи е слободен фудбалер Бен Арфа во секој момент може да потпише договор со некој клуб.

Шпанските медиуми пишуваат дека во Реал Мадрид размислувале да го ангажираат 32 годишниот фудбалер.

Зинедин Зидан покажал интерес за Бен Арфа, во ситуација кога има големи проблеми со повредени играчи. Реал сезонава ќе биде без Марко Асенсио, а Хамес Родригез сигурно нема да биде во комбинација за настап уште две недели.

Покрај ова, медиумите во Шпанија пишуваат дека Зидан не го сменил мислењето што го има за Герет Бејл, иако Велшанецот игра добро од почетокот на сезоната.

Зидан сметал дека играч со искуство и квалитет, каков што несомнено е Бен Арфа, добри би му дошол во ротацијата.

Scroll to Top