Винисиус Жуниор не ја освои Златната топка, која според многумина заслужено заврши во рацете на Родри, но Реал Мадрид успеа да го украде шоуто во Париз. Најблаго кажано некоректно однесување кон колегите, бидејќи многу големи фудбалери во последните 15 или 20 години биле фаворити но не ја добиле Златната топка, па секогаше биле присутни на свечената церемонија.
За потегот што го повлече Флорентино Перез, кога одлучи пет часа пред церемонијата никој од актуелниот шампион на Шпанија и Европа ќе се зборува со денови.
Тоа што на церемонија Карло Анчелоти e прогласен за тренер, а Реал за клуб на годината и што играчите на Реал ги освоија второто (Винисиус), третото (Белингем) и четвртото (Карвахал) места во изборот за Златна топка, не му значи ништо на Флорентино Перез.
Гневот на Реал го делат и неговите поранешни играчи и фудбалери од Бразил.
Винсент Гарсија, главниот уредник на „Франс Фудбал“, коментираше како извиси Винисиус Жуниор: „Очигледно е дека тоа се случи бидејќи Белингам и Карвахал се меѓу првите пет. Чиста математика на Винисиус соиграчите му земаа бодови. Причина за ова е одличната сезона на Реал, поради што гласачите ги поделија своите гласови меѓу тројца или четворица играчи од тој клуб, што на крајот му наштети на Винисиус и му беше од корист на Родри“.
Гарсија откри и дека од Реал му вршеле голем притисок пред наградата: „Бев под голем притисок од Реал, кој инсистираше да им кажам дали Вини е победникот. Веројатно мојот молк ги наведе да помислат дека тој нема да ја добие наградата, затоа решија да ја бојкотираат церемонијата, но јас бев таков и со другите клубови затоа што реков дека победникот нема да биде познат до церемонијата и дека нема да известиме никого претходно“, рече уредникот на „Франс Фудбал“ и дополни.
„Бев многу непријатно изненаден што никој од Реал не дојде. Сакаа само поради нив да се смени споменатото правило. Гарантирам дека никој од Сити не знаеше дека Родри е победник. Можеби „Ел Класико“ не помогна за ваквото однесување на Реал, не знам. Но, не сакам да ја поминам цела ноќ зборувајќи за Реал и Вини, туку сакам да зборувам за нашиот победник Родри“.