Уругвај, Бразил и Чиле остварија победи во третото квалификациско коло за Светското првенство во 2022 година.
Уругвајците нагости беа убедливи против Колумбија со 3-0. Тандемот Кавани – Суарез и понатаму функционира. Кавани повторно во уругвајскиот дрес по пауза од една година и веднаш се запиша во листата на стрелците. Вториот гол беше дело на Суарез, од пенал, а третиот на Давид Нуњес.
Чиле рутински со 2-0 го совлада Перу на свој терен. Двоен стрелец беше Артуро Видал, а голот што го постигна во 20 минута беше фантастичен, можеби негов најубав во кариерата.
Бразил во Сао Паоло се намачи против Венецуела и дојде до минимален триумф од 1-0. Бразилците на овој меч беа без Каземиро, Кутињо и Нејмар, а стрелец на единстваниот погодок вреден три бода беше Фирмињо во 67 минута.