Top Sport

Уругвај без Кавани против Франција

Денес на стадионот во Нижни Новгород репрезентациите на Уругвај и Франција ќе ја отворат четврт-финалната фаза на Светското првенство. Во претходната рунда Франција, во спектакуларен меч, ја елиминира Аргентина со 4:3, додека Уругвај ја совлада Португалија 2:1.

foto: epa

Двата гола за Уругвај против европскиот првак ги постигна Единсон Кавани. Напаѓачот на ПСЖ, поради повреда не го заврши дуелот и токму тој му создава најголеми главоболки на селекторот Оскар Табарез.

Уругвајците ја кријат состојбата на Кавани, но најверојатно тој натпреварот ќе го започне од клупата за резерви.

На последните тренинзи Кавани работел по посебна програма, одвоено од останатиот дел од тимот.

Селекторот Табарез одбил да коментира дали Кавани ќе игра, а не открил кој ќе игра на неговото место, Кристијан Стуани или Макси Гомез.

foto: epa

Од друга страна Дидие Дешам, селекторот на Франција, нема да може да смета само на Блез Мауиди, кој е суспендиран за овој натпревар.

Пресметката на во Нижни Новгород ќе започне во 16 часот.

Scroll to Top