Еквадор и Уругвај, покрај Бразил и Аргентина, изборија директен пласман на Светското првенство од Јужна Америка.
Уругавј славеше минимална победа над Перу (1:0) и овој резултат им овозможи на Еквадорците да се пласираат во Катар и покрај поразот од Парагвај (3:1).
Уругвајците во Катар ги однесе играчот на Фламенго Де Араскаета со голот во 42.минита. Урусите се кренаа од бездната, откако го сменија легендарниот Оскар Табарез, со новиот селектор Диего Алонсо победија на последните три натпревари и се пласираа на Мундијалот.
Перу, за пет дена ќе треба да го победи Парагвај во последното коло, за да го задржи петтото место. Доколку успеат во тоа Перуанците во Интерконтинеталниот бараж ќе играат против победникот од дуелот помеѓу Австралија и ОАЕ.
Колумбија, ја прекина лошата низа, славеа со 3:0 над Боливија. Луиз Диајз, Борха и Урибе ги постигнаа головите за Колумбија. И покрај победата Колумбија има мали шанси да дојде до петтото место.
Бразил го декласира Чиле со 4:0. Првиот и третиот гол Бразилците го постигнаа од пенал, стрелци беа Нејмар и Кутињо, а меѓу стрелците се запишаа Винисисус и Ришарлисон.