Top Sport

Уругвај преку Чесите до финале на Кина купот (видео)

Велс ќе игра со Уругвај во финалето на Кина купот, откако Луис Суарез и Единсон Кавани постигнаа по еден гол за Јужноамериканците да стигнат до лесна 2:0 победа над Чешката Република.

Суарез ги донесе Уругвајците во водство во првото полувреме од пеналот, откако беше фаулиран од голманот Јиржи Павленка, по што ѕвездата на ПСЖ, Кавани постигна прекрасен гол со ножички пред крајот на полувремето да стави печат на победата.

Велс претходно го „прегази“ домаќинот Кина со 6:0 благодарение на хет-трикот на Герет Бејл во првиот меч со Рајан Гигс на клупата.

Scroll to Top