Top Sport

Младите загубија во драматичен меч со Русија

Во меч на снег во Скопје, македонската репрезентација до 21 година одигра драматичен меч со Русија, губејќи во финишот со 4:3 во меч од квалификациите за ЕП во 2019 година.

Русите поведоа со 2:0 по нешто повеќе од половина час преку головите на Облијаков и Мелкадзе, пред Амановиќ од пенал на намали на 1:2 во 41. минута. Младинците потоа израмнија на 2:2 преку Петковски во 64. минута, но само пет минути подоцна Малкидзе по вторпат го совлада Јанков.

Во финишот на натпреварот, добивме шанса да освоиме поен, откако беше досуден пенал. Првиот удар на Амановиќ да го совлада Обуков беше неуспешен, но одбиената топка тој ја смести во мрежата. Сепак, поенот избега откако Бакаев во последните моменти од мечот донесе 3:4 победа за Русија.

Македонија е на претпоследното место во групата со само една победа, додека Русите се на 13 поени на второто место со два поени помалку од Србија. Следен меч за момците е гостувањето кај Австрија на 27 март.

Фото: ФФМ

Scroll to Top