Антоан Гризман никогаш не криел дека го смета Уругвај за свој втор дом, иако не живеел таму, и тоа планира да го покаже уште еднаш на пријателскиот меч меѓу неговата Франција и јужноамериканската земја во вторник навечер.
Како јуниор во Реал Сосиедад тој беше „штитеник“ на ветеранот Карлос Буењо, кој му влеа љубов кој Уругвај – од Пењарол до чајот мате. Неговата љубов кон Уругвај беше тема и на СП во Русија, каде што дел од уругвајските репрезентативци, предводени од Луис Суарез, сметаа дека колку и да го сака Уругвај, тој никогаш нема да знае како е да си од таму.
Сега, тој ќе има посебни копачки, една со француското и една со уругвајското знаме за вечерниот меч. Убав гест.