Лукас Тореира и Диего Годин го поддржаа Единсон Кавани, откако напаѓачот на Манчестер јунајтед доби суспензија од три меча за наводен расизам, откако двојката го препрати писмото со соопштението на Уругвајската фудбалска федерација (АФУ) која ја осуди „сериозната неправда“ на англиската ФА.
33-годишниот Кавани доби казна од три меча и 100.000 фунти откако беше обвинет за расизам со пораката на благодарност која ја прати на свој пријател на Инстаграм во ноември со зборовите: „Gracias negrito“ (Благодарам црни). Кавани преку социјалните мрежи објави дека неговиот коментар бил пријателски, а тој доби и поддршка од уругвајската федерација, но и Уругвајската асоцијација на писатели, која смета дека се работи за нормална фраза во уругвајската верзија на шпанскиот јазик.
Кавани не играше во 2:1 победата над Астон вила во петокот, а нема да биде достапен ниту за полуфиналето од Карабао купот против Манчестер сити и дуелот од третото коло од ФА купот против Вотфорд во следните пет дена.